Пентагон соопшти дека издвојува пари за изградба на 280 километри ѕид на границата со Мексико.
За да ги обезбеди парите, Министерството за одбрана на САД одлучи да „одложи“ 127 проекти за изградба и модернизација на воените објекти планирани за буџетот за 2019 година, изјави портпаролот на министерството Џонатан Хофман.
Американскиот претседател Доналд Трамп во февруари потпиша декларација за воведување на вонредна состојба.
Како причина наведе дека сака да ја заштити земјата од наркотици, криминал и илегални имигранти кои влегуваат од Мексико, преку југозападната граница на САД, што смета дека е голема закана за националната безбедност.