2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВкусен и здрав: Сокот од домати високиот притисок го враќа во здрави...

Вкусен и здрав: Сокот од домати високиот притисок го враќа во здрави граници

Висок крвен притисок значи дека крвта ги притиска крвните садови посилно отколку што треба. Со текот на времето може да настанат оштетувања на sидовите на крвните садови, може да дојде до блокада на артериите и недостаток на кислород во организмот.

И покрај тоа, ако не се лекува може да доведе дури и до фатални исходи, високиот притисок речиси нема никакви симптоми, поради што го нарекуваат „тивок убиец“.

Добрата работа е што можете да направите многу за да ја спречите појавата на висок притисок. Мерките за превенција се прилично едноставни, малите промени во начинот на исхрана и животниот стил честопати се сосема доволни. Би требало да го намалите внесот на сол и да јадете повеќе овошје и зеленчук.

Покрај тоа, научно е докажано и дека сокот од домати без сол го доведува притисокот во ред!

Истражувањето во кое во текот на една година учествувале 184 мажи и 297 жени, кои пиеле сок од домати редовно во текот на годината, покажало дека кај 94 испитаници за кои е идентификувано дека страдале од хипертензија, а тоа не го ни знаеле, значително им опаднал високиот притисок.

Горниот притисок во просек од 141,2 се спуштил на 137 mmHg, а долниот од 83,3 на 80.9 mmHg.

Позитивен ефект е забележан без оглед на полот и возраста на испитаниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП