27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова Управа на Атлантик Група за нов раст

Нова Управа на Атлантик Група за нов раст

Од први октомври Управата на Атлантик Група ќе се прошири на шест членови и ќе биде составена од претседателот на Управата Емил Тедески и членовите: Невен Вранковиќ, Зоран Станковиќ, Лада Тедески Фиорио, Среќко Накиќ и Енцо Смрекар. Зајакнувањето на Управниот одбор е логично продолжување на процесот на дефинирање на корпоративна стратегија и приоритети во понатамошниот развој на компанијата, кој започна во февруари минатата година.

Преку ревизија на целосната деловна пракса и дефинирање на стратегија и корпоративни приоритети, идентификувани се области кои претставуваат темел за трансформацијата во иднина и клучните двигатели на раст, кон кои ќе се прилагоди целата организација, започнувајќи со организацијата на Управниот одбор. Клучните области вклучуваат развој на дистрибуцијата, фокусирана меѓународна експанзија на портфолиото на Атлантик Група и спојувања и преземања. Лада Тедески Фиорио, досегашниот потпретседател на Надзорниот одбор, поради преземање на нови задолженија кои се неспојливи со членството во Надзорниот одбор на компанијата, го напушта истиот и како член на Управата ќе биде одговорна за развој на бизнисот и стратегијата. Среќко Накиќ како нов член на Управниот одбор, ќе биде одговорен за целокупната дистрибуција, а Енцо Смрекар ќе има одговорност за управување со брендовите Argeta и Donat Mg кои имаат најголем меѓународен потенцијал во рамките на портфолиото на Атлантик Група.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП