19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуѓето масовно точат гориво и бегаат од ураганот Доријан

Луѓето масовно точат гориво и бегаат од ураганот Доријан

Најмалку пет лица загинаа на островите Абако на Бахамите во ударот на ураганот Доријан, кој моментно се наоѓа на околу 170 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида, со удари на ветрот од околу 205 километри на час.

Ова предизвика уште една катастрофа, односно ги принуди луѓето да складираат резерви на гориво.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис рече дека има недостиг од гориво бидејќи милиони луѓе сипале гориво за да избегаат од полуостровот.

Загрозен е и Мексиканскиот Залив, односно снабдувањето со нафта и гас од регионот. Цените на нафтата се зголемија во услови на притисок од ураганите, како и од новите тарифи на Трамп за Кина. Ураганите, дури и помалите од Доријан, можат да имаат огромни последици по енергетскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП