2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТие се првата голема жртва на Брегзит: Ги префрлија премиите вредни 75...

Тие се првата голема жртва на Брегзит: Ги префрлија премиите вредни 75 милијарди долари во ЕУ

Првата голема жртва на Брегзит во британската финансиска индустрија ја поднесоа осигурителните компании.

Според Bloomberg, осигурителните компании со премија од 61 милијарди фунти односно 75 милијарди долари го преселија бизнисот од Лондон во други градови на Европската унија.

Во меѓувреме, нивното селење се случи без оглед на тоа дали и како ќе изгледа договорот помеѓу Обединетото Кралство и ЕУ за односите по раздвојувањето.

Егзодусот е делумно последица на одлуката на европскиот регулатор за осигурување во кој сите британски осигурителни компании мораат полисите на европските клиенти да ги преселат на континентот.

Осигурениците имотот го преместија, пред се во Белгија, Луксембург и Ирска.

Меѓутоа, извештајот за финансиска стабилност на Банката на Англија открива дека околу пет милијарди фунти во премии и понатаму ќе се наоѓаат на британското подрачје во моментот на Брегзит на 31 октомври.

На пример, најголемата светска осигурителна компанија Lloyd’s of London, најави дека сите полиси на европски клиенти ќе можат да се преселат до крајот на октомври следната година.

Портпаролката на Lloyd’s појасни дека европските земји членки вовеле мерки кои осигуруваат дека 90 проценти од полисите можат да бидат наплатени во случај на Брегзит без договор.

Долгорочното влијание на селидбите на полисите ќе биде и практично и симболично.

Но, во секој случај, тоа ќе има негативно влијание врз статусот на Лондон кој сè уште држи 10 проценти од светскиот пазар на осигурување и реосигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП