Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,298.85 0.14%    BESK 7,500.00 0%    EUPF 63.00 1.61%    GRNT 1,179.34 -0.08%    KMB 7,624.02 -0.32%    MPT 77,996.67 -0.07%    OKTA 4,550.00 0.95%    PPIV 37,830.00 -3%    RZEK 48.00 0%    RZTK 701.00 -0.57%    STB 1,301.00 0.08%    STIL 92.00 -1.03%    TETE 2,250.00 -1.04%    TNB 19,200.00 -1.03%    UNI 2,221.00 -2.01%    ZPKO 2,900.00 7.69%    

Премиера на IAA: Новата Opel Corsa се среќава со ретката Corsa GT

Време: 08:52

Датум: септември 3, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

  • Предходник: ретката, прва генерација на Corsa на штандот на Opel
  • Временско патување: „младичот“ од 1987 извозе 2.700 км. од Португалија до Франкфурт
  • Светска премиера: шестата генерација на Corsa во центарот на вниманието на саемот во Франкфурт
  • Во тренд со традицијата: од спортска Corsa GT до целосно електричната Corsa-e Rally

Риселхајм. Opel слави три светски премиери на годинашниот меѓународен саем за автомобили, IAA Франкфурт (отворени денови од 12 до 22 септември). Новата Astra со мотори со висока ефикасност, Grandland X Hybrid4 со погон на сите тркала (потрошувачка на гориво WLTP1, пондериран, комбиниран: 1,6 л/100 км., 37 г/км. CO2; NEDC2: 1,6 л/100 км., 36 г/км CO2) и новата шеста генерација на Corsa во три верзии. Најпродаваниот мал автомобил (со повеќе од 13,6 милиони единици) се движи целосно на струја и со Corsa-e Rally исто така дебитира на IAA – дури и ја формираат основата на конкуренцијата на автомобил без емисии. На IAA на новата Corsa ќе и се придружи специјален гостин – редок модел на Corsa GT од 1987 година во жолта боја, сведок за 37 години забава и успех. Не толку стариот олдтајмер се возеше од својот последен дом во Португалија до работилница на Opel за класични возила во Риселхајм. Оттаму ќе се вози до IAA во Франкфурт, каде ќе придонесе за натамошното возбудување со започнување на промоцијата на новата Corsa.

Opel е сигурен: 2.700 км. од Порто преку Сарагоза до Риселхајм

Помина извесно време додека одделот на Opel Classic да ја најде ретката прва генерација на Corsa GT. Овој посебен пример, првично регистриран во Шпанија, беше во мирување, заборавен во гаража во Португалија.

Возењето кон Франкфурт за малиот, непретенциозен Gran Turisomo започнува од паркингот кај пристаништето во Порто.

Opel го нудеше GT од април 1985 година до есента 1987 година. Тој беше наследникот на Corsa SR, со карбураторски мотор со моќност од 1,3 литри. Дополнителната сила и суптилните спојлери го направија GT спортистот на првата генерација на Corsa – сè додека не пристигна GSi во 1988 година. Петстепениот мануелен менувач ја скроти жедта и вртежите во минута на подолги патувања.

Дури и денес, во Corsa GT е изненадувачки тивко и без напор. Нема никаква непотребна цврстина во шасијата, нема проблеми со управувачот и нема излишни информации на таблата со инструменти: освен вообичаените копчиња, само бројач за вртежи и мерач за нивото на маслото. Потрошувачката на гориво одговара на официјалните бројки од тоа време – повеќе од шест литри на 100 км тешко да се потрошат. Тежината од 750 кг. е од голема помош овде, а исто така овозможува и сооднос моќ-тежина на 10,71 кг. на коњски сили.

На патот од Португалија до Риселхајм, GT застанува во Сарагоса, каде што е произведена во 1987 година. На автомобилот дури му е дозволено да ја посети фабриката за производство. Додека жолтата Corsa застанува крај производната линија, многу вработени доаѓаат како да се поздрават со долговреме изгубениот пријател.

Патувањето кон исток оди покрај Барселона, преку Франција и од Базел долж Рајна. Вкупно 2.700 км. за 32-годишната Corsa, која беше извадена од мирното пензионирање во Португалија – без никакви поправки за долгиот пат. Како што GT се приближува во Риселхајм, екипата на Opel Classic нестрпливо чека.

Проект IAA 2019: од несреќен пензионер до ѕвезда на шоуто

Топлото сонце во Шпанија и Португалија беше добро за Corsa GT. Живот без солени патишта значи нема ‘рѓа, нема скапување. Жолтата старица се уште е во добра состојба. TUV се согласува со ова, и по проверката за германска регистрација, инспекторите ја ставаат својата скапоцена налепница на регистарската табличка. Но, сега доаѓа многу поголема пречка: експертите од Opel Classic ќе прават ново темелно испитување. Неколку пара очила откриваат бројни повеќе или помалку сериозни несовршености – вдлабнатини во покривот, неоригинално лошо држење, изгребано стакло, истрошени перничиња на седиштата. Дури и сирената звучи погрешно! На крајот, автомобилот е целосно расклопен.

Тимот се здружува со своите колеги од сервисната работилница. Формиран е „Проект IAA 2019“, под водство на Торстен Гатц и Дитер Едер. Парче по парче тие го обновуваат мозаикот на Corsa. Прво го преиспитуваат моторот, проследено со суспензијата и амортизерите. Свежо обоената шасија добива нова линија и точни GT значки. Потоа, дојдоа оригиналните тркала со лесна легура. Конечно прозорците се инсталирани, благодарение на пријателскиот дилер на Opel кој секако ги има на залиха. Corsa GT сега е подготвена за својот втор живот што ќе започне во грандиозен стил – на 68. меѓународен автомобилски саем IAA Франкфурт. Посетителите можат да се восхитуваат на свежо обновената Corsa GT на штандот на Opel, D31 во салата 11.0. Светската премиера на шестата генерација Corsa е има корист.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дали Volkswagen ќе гради фабрика во Турција?

    Дали Volkswagen ќе гради фабрика во Турција?

    Volkswagen повторно ја одложи одлуката за тоа дали да гради фабрика за автомобили во Турција, пренесува Reuters. „Сè уште имаме време и одлуката можеме да…

  • Audi подготвува градски електричен автомобил (фото, видео)

    Audi подготвува градски електричен автомобил (фото, видео)

    Audi планира производство на мало, градско електрично возило, кое припаѓа на А сегментот. Возилото, според најавите, ќе биде наменето за европскиот пазар. Возилото, како што е…

  • AUTOBEST награди за новата Opel Corsa и за Лохшелер, извршниот директор на Opel

    AUTOBEST награди за новата Opel Corsa и за Лохшелер, извршниот директор на Opel

    „Best Buy” автомобил во Европа за 2020: Corsa победи по трет пат на AUTOBEST „MANBEST 2019“: Извршниот директор Мајкл Лохшелер е менаџер на годината Голема…

  • Новата Opel Corsa ја доби наградата „Connected Car“

    Новата Opel Corsa ја доби наградата „Connected Car“

    Новата Corsa има најдобра поврзаност во сегментот на мали и компактни автомобили Шефот на Opel, Мајкл Лохшелер ја прими наградата во Риселсхајм Новата Corsa и…

  • Бугарија сака да ја донесе Tesla

    Бугарија сака да ја донесе Tesla

    Бугарија комуницира со компанијата Tesla за потенцијално вложување на американскиот производител на електрични автомобили во фабрика во оваа земја, јавуваат локалните медиуми, цитирајќи го министерот за…

  • Северен Кипар го претставува својот прв автомобил

    Северен Кипар го претставува својот прв автомобил

    Северен Кипар се подготвува да и претстави на јавноста прототип на првиот модел на првиот домашен автомобил. Прототипот е резултат на долгогодишна работа на Near East…

  • Стотици мали компании ќе учествуваат во производството на првиот турски автомобил

    Стотици мали компании ќе учествуваат во производството на првиот турски автомобил

    Турски TOGG (Turkey’s Automobile Joint Venture Group) планира да потпише договори со 114 компании кои ќе бидат нивни добавувачи во процесот на производство на турскиот електричен…

  • Ова е новиот Audi S3 (видео)

    Ова е новиот Audi S3 (видео)

    Audi A3 четвртата генерација ќе има светска премиера на претстојниот саем за автомобили во Женева, а британските новинари веќе имаа шанса да ја испробаат неговата…

  • Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала

    Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала

    Најсовремен 4×4: плаг-ин хибриден СУВ на Opel со електричен погон на сите тркала Четири режими на возење: „Електричен“, „хибриден“, „погон на сите тркала“ и „спорт“…

  • Продажбата на електрични автомобили во ЕУ скоро двојно зголемена

    Продажбата на електрични автомобили во ЕУ скоро двојно зголемена

    Повеќе од 290.000 електрични автомобили биле продадени во Европската унија минатата година, што е скоро двојно повеќе од 2018 година, покажуваат податоците на Европската асоцијација…