30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Сарачини и амбасадорот Ивон ќе потпишат меморандум за разбирање

Министерот Сарачини и амбасадорот Ивон ќе потпишат меморандум за разбирање

saracini56

Министерот за економија Ваљон Сарачини и Кристофер Ивон, амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија, ќе потпишат меморандум за разбирање меѓу Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и Владата на Република Македонија.

Со меморандумот, ќе започне проектот „Унапредување на хармонизацијата со директивата на Европската унија за услуги во Македонија“, финансиран од британската Влада, преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје.

Целта на овој проект е да го унапреди процесот на усогласување на законодавството на Република Македонија во услужниот сектор, со законодавството на Европската Унија, преку развој на физибилити студија за воспоставување „Единствена точка за контакт“ (ЕТК) во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП