30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот приватен сектор отвори 188.000 нови работни места

Американскиот приватен сектор отвори 188.000 нови работни места

American flag waving in blue sky

Приватниот сектор во Соединетите Американски Држави во јуни отворил 188.000 нови работни места, објави во своето соопштение агенцијата за вработување АДП, чиј извештај е сигурен индикатор за службените податоци во САД.

АДП, исто така, ги ревидираше податоците за мај, кои сега покажуваат дека во приватниот сектор биле отворени 134.000 нови работни места, во однос на претходно проценетите 135.000.

Економистите очекуваа дека во јуни ќе бидат отворени 160.000 нови работни места.

Владата ќе го објави службениот извештај за вработувањето во петок, а пазарите нетрпеливо го очекуваат поради стимулативните мерки на централната банка за економијата, чиј постепен напредок според гувернерот Бен Бернанке би требало да започне во втората половина од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП