30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро започнуваат преговорите за слободна трговија меѓу ЕУ и САД

Наскоро започнуваат преговорите за слободна трговија меѓу ЕУ и САД

baroso1

Разговорите за слободна трговија помеѓу ЕУ и САД ќе започнат наскоро и ќе бидат водени од страна на работни групи, кои ќе го анализираат целиот тек на преговорите, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

„Се согласивме дека ние сме посветени на трансатланското партнерство, но на целиот просец му е неопходна анализа, а за тоа ќе бидат задолжени работните групи“, истакна Баросо.

Франција и Германија претходно не се согласуваа, бидејќи Париз бараше од ЕУ да се одложат планираните преговори за слободна трговија, додека Берлин беше за тоа да се продолжат преговорите.

Баросо, по состанокот со лидерите на ЕУ во Берлин, нагласи дека Вашингтон веќе изразил желба за формирање на работни групи кои ќе го анализираат преговорите.

Разговорот меѓу ЕУ и САД за договорот за слободна трговија треба да започне во Вашингтон на 8 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП