1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBoeing 737 Max нема да лета во текот на декември

Boeing 737 Max нема да лета во текот на декември

Boeing 737 Max нема да лета за време на божиќните празници поради нерешени проблеми со властите за контрола на авиосообраќајот, објави Wall Street Journal.

Според весникот, регулаторите на Соединетите држави, Европската унија, Бразил и други земји се пожалиле дека американскиот производител на брифинг во август не ги објаснил техничките детали ниту одговорил на конкретни прашања за модификација на компјутерите кои го контролираат летот на тој авион.

Поради тоа Boeing ќе мора повторно да достави документи во кои се опишани предложените измени на софтверот, дознава Wall Street Journal од неименувани извори.

Проблематичниот авион призејмен е од март оваа година по две катастрофални несреќи во кои животот го загубија 346 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП