27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиски пазари: Пад на индексите по стапувањето на сила на новите царини

Азиски пазари: Пад на индексите по стапувањето на сила на новите царини

Азиските индекси ослабнаа во понеделникот откако во текот на викендот стапија на сила новите царини во трговската војна меѓу САД и Кина.

MSCI Asia Pacific Index ослабна за 0,3 проценти. Хонконшки Hang Seng е најголем регионален губитник со пад од 0,5 проценти.

Новите царини што ги воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Кина стапија на сила во неделата и првпат опфаќаат кинеска  потрошувачка стока, вклучително телевизори, книги, пелени и спортски обувки. Претходно најавените царини од 15 проценти на стока вредни 112 милијарди долари од Кина, според експертите, најверојатно на среден рок ќе предизвикаат зголемување на цените на американските потрошувачи.

Во исто време стапија на сила и кинеските царини од пет до 10 проценти на американска стока вредна 75 милијарди долари.

Тие потези се последни во трговска војна која трае една година и која ја забавува светската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП