19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува проектот за развој на стручни вештини и вработување на БЕФ

Почнува проектот за развој на стручни вештини и вработување на БЕФ

Здружението за регионален развој Balkan Economic Forum (БЕФ) во соработка со веб академијата „Еверест“ и со поддршка на проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк) го објави јавниот повик за кофинансирање стручни студии во областа на веб развојот (front-end девелопер).

Целта на проектот е да ги оспособи одбраните кандидати за позицијата Front-end девелопер, а потоа, по студиите да им помогне во наоѓање работа преку мрежа од над 150 ИТ компании. Студиите ќе се изведуваат на далечина, со поддршка на ментори. Учењето ќе се реализира како комбинација од следење видео лекции, самостојна работа на практични задачи и онлајн консултации со ментор.

На одбраните кандидати ќе им бидат покриени 80 отсто од трошоците за студиите, а обуката е наменета пред сѐ за невработени лица, вклучувајќи и студенти. Приоритет ќе имаат деца без родители, деца на самохрани родители и лица со попреченост.

Пријавувањето на кандидатите трае до 15 септември,на веб страната на BEF, (http://www.balkaneconomicforum.org/wp/e4e-kofinansirani-strucni-studii/)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП