4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство во јули зголемено за 5,8 проценти

Индустриското производство во јули зголемено за 5,8 проценти

Индустриското производство во јули е зголемено за 5,8 проценти во споредба со истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст има во секторот Рударство и вадење камен за 15,7 проценти, Снабдување со електрична енергија, гас и пареа и климатизација за 51,8 проценти, а на исто ниво со јули лани е индустриското производство во секторот Преработувачка индустрија.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Енергија за 53,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 16,9 проценти и Капитални производи за 12,5 проценти, а намалување се бележи кај Интермедијарните производи, освен енергија за 3,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 проценти.

Индустриското производство е зголемено и во периодот јануари-јули за 4,9 проценти во однос на истиот период лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП