15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени трошоците во градежништвото за објекти за индивидуално домување

Зголемени трошоците во градежништвото за објекти за индивидуално домување

Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,9 проценти, за материјали се пониски за 0,5 проценти, а трошоците за вработените се повисоки за 7,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на вториот квартал лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,1 процент, за материјали се пониски за 0,5 проценти, а зголемување за 12,2 оттсо има кај трошоците за трошоците за вработените.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изградба на нови објекти за индивидуално домување. Тие податоци ги користат градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучување на градежните договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП