28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТокио најбезбеден град во светот, Амстердам во Европа

Токио најбезбеден град во светот, Амстердам во Европа

Според Индексот на најбезбедни градови во светот објавен од „Економист интелиџенс јунит“ (Economist intelligence unit), Токио е избран за најбезбеден град во светот, а Амстердам во Европа. Изборот се состои од дигитална, инфраструктурна, здравствена и лична безбедност.

Сингапур е втор најбезбеден град, по главниот град на Јапонија, додека јапонска Осака е на третото место на таа листа. Истите градови исто така ги заземаа тие позиции според индексите за 2015 и 2017 година.

На списокот се наведени 60 градови, а индексот се обиде да го опфати концептот на „урбана еластичност“, односно можноста на градовите да апсорбираат шокови и да закрепнат од нив, велат истражувачите.

Беа проценети четири видови безбедност: дигитална, инфраструктурна, здравствена и лична.

Азиско-пацифичкиот Регион доминира во првите десет најбезбедни градови, како и во претходните години. Меѓу трите града споменати во првите десет се јужнокорејскиот Сеул (8.) и австралискиот Сиднеј (5.) и Мелбурн (10.).

Два европски и два северноамерикански градови се меѓу првите десет.

Амстердам е четврти на листата, Копенхаген е осми, Торонто е шести, а Вашингтон е седми.

Лагос (нигерија), Каракас (Венецуела), Јангон (Мјанмар), пакистанскиот Карачи и Дака (Бангладеш) се на последните пет позиции на тој индекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП