27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе можат сите: Еве зошто на некои луѓе доволно им е да...

Не можат сите: Еве зошто на некои луѓе доволно им е да спијат само 6 часа

Ако се прашувате како за некои луѓе е сосема доволно да спијат шест часа, еве го одговорот!

Научниците открија ген кој им овозможува на луѓето сосема нормално да функционираат, а да спијат само по неколку часа секоја вечер.

Поентата на истражувањето не е да им завидуваме на оние кои тоа го можат, туку научниците се надеваат дека мутацијата на тој ген може да помогне во развој на нови лекови за деменција, срцеви заболувања, несоница и сериозни заболувања кои настануваат како резултат на недостаток на сон.

Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија откриле повеќе од 50 семејства со помалку од шест и пол часа сон, доволно за да функционираат совршено следниот ден. Анализирајќи ги овие семејства, откриле дека имаат мутација на ген кој е одговорен за оваа ”супермоќ”.

Беше забележано дека не сите членови на семејството го имаат овој ген, а на оние кои го немаат, потребно им е повеќе од шест часа сон.

За да утврдат дали тоа навистина е така, научниците го менувале овој ген кај лабораториски глувци, и се покажало дека тие потоа спиеле 55 минути пократко.

Кога станува збор за луѓето, оние кои го имаат овој ген им е потребно околу два часа спиење помалку од другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП