2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија во борба со климатските промени затвара рудници

Германија во борба со климатските промени затвара рудници

Германската влада одобри план до 2038 година да потроши до 40 милијарди евра за да се ублажат последиците од напуштањето на експлоатацијата на јаглен.

Министерот за економија Петер Алтмајер изјави дека исплатата на парите ќе започне кога парламентот ќе донесе закон со кој ќе се утврдуваат датумите и условите за напуштање на Германија од користење на јаглен, најверојатно наредните месеци.

Во јануари, владината комисија препорача Германија најдоцна до 2038 година да престане со употреба на јаглен за производство на електрична енергија, како дел од напорите за борба против климатските промени.

Германија повеќе од третина електрична енергија произведува во термоцентрали на јаглен, создавајќи големи количини на загадувачки гасови кои придонесуваат за глобалното затоплување.

Одлуката на владата е донесена пред изборите во две провинции во источна Германија, каде што се копа лигнит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП