21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа цените на нафта на меѓународните пазари

Пораснаа цените на нафта на меѓународните пазари

На лондонскиот пазар цената на барел се зголеми за 70 центи во однос на претходното затварање и изнесуваше 60,21 американски долари.

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари над нивото од 60 долари, откако последните статистички податоци на Американскиот институт за нафта – API покажа остар пад на залихите на сурова нафта во САД.

Со тоа се ублажени и стравувањата од намалена побарувачка поради американско-кинеската трговска војна.

Пад на залихите во САД

На американскиот пазар барелот се тргуваше по 79 центи повисока цена, од 55,72 долари.

Трговците со нафта посебно го проследија извештајот API, во кој се покажа пад на резервите на сурова нафта во САД за дури 11,1 милиони барели поради намалениот увоз.

Со тоа во втор план беа потиснати стравувањата од пониска побарувачка заради американско-кинеската трговска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП