8 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и топло време со температура до 38 степени

Сончево и топло време со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 18, а максималната од 30 до 38 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер и температура до 36 степени.

Во наредните денови, следува период на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, кој од недела ќе го промени правецот во југоисточен. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар