19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска усвојува ново законодавство - Ја зголемува флексибилноста на работата на вработените

Финска усвојува ново законодавство – Ја зголемува флексибилноста на работата на вработените

Секое утро рекa луѓе патуваат во светските градови на работа и на крајот на денот се враќаат дома. Шансата да се прават работите поинаку за многумина е неостварлив сон. Но во Финска, тоа е реалност.

Земјата со години е прва во флексибилната работа. Од средината на 90-тите, Законот за работно време им овозможи на Финците да го прилагодат својот работен ден, започнувајки или завршувајки три часа порано или подоцна.

Флексибилноста оттогаш стана дел од културата. Според глобалното истражување од 2011 година, 9 од 10 фински компании им нудат на своите работници флексибилна можност за работа.

Сега идејата оди еден чекор подалеку. Новата законска регулатива, која ќе стапи на сила во почетокот на 2020 година, ќе ја направи просечната 40 часовна работна недела уште пофлексибилна.

Вработените ќе можат да одлучат барем половина од својата работа кога и каде да работат. Освен што можат да ја прилагодат нивната работа кон децата или да тренираат, повеќето работници со полно работно време ќе можат да ги „акумулираат“ слободни денови и да ги користат за продолжени одмори.

Дневните патувања во градот би можеле да станат непотребни бидејќи со новите правила се овозможува работа од далечина.

Работа на далечина има многу придобивки, дури и ако претставува некои координативни предизвици.

Им овозможува на компаниите да привлекуваат талентирани вработени кои живеат во оддалечени области. А студиите покажуваат дека дозволувањето на луѓето да се вклопат во работните обврски околу нивниот дом ја зголемува продуктивноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП