28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеланија Трамп тајно се состанала со Ким Џонг Ун?

Меланија Трамп тајно се состанала со Ким Џонг Ун?

Американскиот претседателот Доналд Трамп, повторно предизвика вистинска забуна со неговите изјави. Преведувачот, односно Белата куќа, повторно мораше да интервенира и да објасни што мислел.

Трамп изјави дека добро се запознал со северно корејскиот лидер Ким Јонг Ун и предложил и неговата сопруга да го стори истото.

– Првата дама го запозна Ким Јонг Ун и мислам дека се согласува со мене дека тој е човек со земја која има огромен потенцијал – изјави Трамп на конференцијата на крајот на самитот Г-7 во Бијариц, додека неговата сопруга Меланија го гледаше од публиката, објави Reuters.

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам, подоцна објасни дека Меланија никогаш не го запознала Ким, туку дека Трамп и се доверува на својата сопруга за голем број работи, вклучително и за Ким.

„Иако првата дама не го запозна Ким, претседателот се чувствува како да го запознала“, истакна Гришам во изјавата додавајќи дека не се состанала тајно со серенокорејскиот лидер.

Како што се наведува, Меланија, не го придружувала сопругот на ниту една од трите средби со Ким – ниту во јуни минатата година во Сингапур, ниту во Ханој во февруари, ниту на третиот состанок во јуни во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи.

Во соопштението на Белата куќа исто така се наведува дека Меланија немала тајна средба со Ким.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП