Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека неговата земја наскоро ќе ги укине последните ограничувања на штедачите во банка кои ги воведоа пред повеќе од четири години во екот на финансиската криза во земјата.
Укинувањето на контролите на капитал следната недела ќе стави крај на долгиот „циклус на нестабилност“, изјави Мицотакис, објави AP.
Ограничувањата главно се однесуваат на трансфери на средства во странство, како за физички лица, така и за деловни активности.
Грчките власти во јуни 2015 година воведоа контрола на капиталот за да се спречи одливот на пари од банките, бидејќи штедачите во паника поради финансиската криза извршија масовни повлекувања на средства.
На депонентите првично им беше дозволено да подигнуваат 60 евра дневно, но оваа граница постепено се зголемуваше за потоа да биде укината.
Грција од 2010 до 2018 година доби меѓународни пакети помош.