29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјите од Г7 потпишаа еколошки договор со модни брендови за спас на...

Земјите од Г7 потпишаа еколошки договор со модни брендови за спас на планетата

На самитот Г7, кој се одржуваше од 24 до 26 август во Бијариц, лидерите на државите потпишаа договор со модни брендови за активности за борба против климатските промени. Повеќе од 20 модни компании им се придружија на лидерите на Г7, вклучувајќи ги Kering, H&M и матичната компанија Zara, Inditex. Тие потпишаа глобален пакт за борба против климатската криза и заштита на биолошката разновидност на океанот.

Модните брендови започнаа да преземаат активности за намалување на негативно влијание врз животната средина. Една од причините е реакцијата на потрошувачите кои беа загрижени дека модната индустрија влијае на климатските промени повеќе од воздухопловната и бродската индустрија.

Мари-Клер Даво, директор за одржливост во Kering, изјави дека меѓународниот моден пакт ќе им овозможи на брендовите да споделат најдобри практики и идеи, како и да ја комбинираат куповна моќ, да се вратат во земјоделските практики поврзани со снабдувањето со суровини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП