1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали Европската Унија е пред рецесија?

Дали Европската Унија е пред рецесија?

Bundesbank соопшти во својот месечен извештај дека германската економија ни во третиот квартал од оваа година нема да ја врати виталноста, па дури и дека би можела „да продолжи благо да се намалува“.

Тоа би бил втор квартал по ред по падот од 0,1 процент во периодот април-јуни, во кој најголемата економија во Европа би се намалила и на тој начин ќе влезе во техничка рецесија (два последователни квартали со економски пад).

Индустријата како најзначаен дел од германската економија во вториот квартал падна за 1,9 проценти. За Велика Британија, втората по големина економија во Европската унија, вториот квартал исто така беше негативен и тоа прв пат од 2012 година. Третата европска економија е италијанска и во вториот квартал остана на нула во однос на истиот период минатата година. Меѓутоа, италијанската економија веќе помина низ рецесија во втората половина на минатата година.

Царинската војна меѓу САД и Кина, сè поизвесниот Брегзит без договор помеѓу Велика Британија и ЕУ, намалената побарувачка за автомобили, особено во Кина, со фактот дека автоиндустријата е моторот на германската индустрија, како и политичката неизвесност и огромниот јавен долг на Италија, ја прави блиската иднина на европската економија неизвесна.

Ниту еден од официјалните претставници на европските земји не се осмелува да го изговори зборот криза, туку се зборува за забавување, но планови за криза веќе се прават. Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави неодамна дека за време на кризата во 2008 година државата потрошила 50 милијарди евра и дека би требало и сега барем толку да обезбеди како поддршка за економијата. Германскиот министер за труд најави подготовка на законодавство со кое ќе се амортизира можниот бран отпуштања предизвикан од кризата.

Застојот во еврозоната веќе ги погодува земјите од Централна и Источна Европа, па минатиот квартал беше првиот во последните три години во кој успори економијата на сите шест земји во регионот, со просек од 4,3 проценти раст во првиот квартал на четири проценти во вториот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП