19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСамо 10 богаташи можат да си го дозволат овој луксуз

Само 10 богаташи можат да си го дозволат овој луксуз

Bugatti го претстави најскапиот модел во својата понуда наречен Centodieci, чија цена изнесува вртоглави девет милиони долари, а тоа што е уште поексклузивно е фактот дека ќе произведе само 10 од овие модели.

Centodieci е автомобил со извонредни спортски карактеристики, со вграден мотор од 16 цилиндри од 1600 коњски сили. Брзина од 100 километри на час постигнува за 2,4 секунди, до 200 км на час за 6,1 секунда, до 300 км на час ”стигнува” за 13,1 секунда.

Неговата најголема брзина е 420 км на час, но е електронски ограничена, односно поставена е блокада на 380 км на час.

Centodieci на италијански јазик значи 110, што по име и дизајн на познавачите на автомобили од историјата на Bugatti веднаш асоцира на познатиот модел EB110 од втората половина на 90-тите, објави CNN.

Во тој период, компанијата направи големи напори да ја врати репутацијата во автомобилскиот свет и така настана популарниот EB110 омилен кај професионалните возачи и љубителите на автомобили воопшто.

Меѓутоа, покрај големиот успех на овој автомобил, бизнисот на Bugatti не се подобри значително и во 1998 година со купување на мнозинството акции, Volkswagen го спасува од банкрот.

Досега е произведен само еден од вкупно 10, колку се планирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП