19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмерика не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да отвори американски конзулат на Гренланд, во услови на растечки стратешки и економски интерес на данската територија.

Во писмото кој Стејт департментот гo испрати до Конгресот, формирањето на конзулати во Нук е дел од планот на американската надворешна политика за зголемување на своето присуство на Арктикот, објави AP.

– САД имаат стратешки интерес за унапредување на политичките, економските и трговските односи низ целиот арктички регион, се вели во писмото испратено до конгресниот Комитетот за надворешни работи.

Се тврди дека трајното дипломатско присуство ќе им овозможи на Соединетите држави да ги заштити основните капитални единици на Гренланд и истовремено да развиваат подлабоки односи со официјалните лица и со општеството на Гренланд.

Во писмото се наведува дека конзулатот ќе биде ”клучна компонента на американските напори за зголемување на американското присуство на Арктикот и ќе служи како ефикасна платформа за унапредување на американските интереси на Гренланд”.

Трамп минатата недела предизвика дипломатски спор со Данска, откако предложи САД да го купат Гренланд, што данската влада го одби.

САД отворија конзулат во Гренланд во 1940 година по нацистичката окупација на Данска, а кој е затворен во 1953 година.

Нов конзулат е отворен во 1954 година во главниот град на Гренланд.

Стејт департментот посочи дека веќе назначил офицер за работа од Амбасадата на САД во Копенхаген, а сега планира да ангажира локален персонал во Гренланд до есен, или набргу потоа.

Се очекува конзулатот до 2020 година да има седум вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП