Оваа комбинација е одлична ако се обидувате да изгубите неколку килограми или ако сакате на здрав начин да го започнете денот.
Овој пијалок има многу малку калории, a ќе ве засити и ќе ви обезбеди енергија во текот на целиот ден.
Ананасот е богат со витамин Ц кој помага во зајакнувањето на имунитетот. Покрај тоа, богат е со влакна и е добар за варење. Тука се и неговите антиинфламаторни својства.
За смутито ќе ви биде потребно:
Неколку прстени ананас
1 банана
1 грчки јогурт
1/4 чаша млеко
2 лажички мед
Подготовка:
Овошјето излупете го и исецкајте го на парчиња. Потоа сите состојки ставете ги во блендер и измешајте додека смесата не стане хомогена.