25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАIFO: Брегзит без договор најтешко би ја погодил Ирска, некои земји ќе...

IFO: Брегзит без договор најтешко би ја погодил Ирска, некои земји ќе профитираат

Брегзит без договор најтешко ќе ја погоди ирската економија, покажуваат резултатите на истражувањето на германскиот институт IFO.

Нивото на економски напредок, во случај на таканаречениот „тврд“ Брегзит, би  се намалил во Ирска за 8,16 проценти, во Луксембург за 5,23, а на Малта 5,19 проценти, се вели во соопштението на IFO Институтот.

Во самата Велика Британија, напредокот би се намалил за 2,76 проценти.

”Тврд” Брегзит би се одразил во различни степени на различните земји членки на ЕУ”, изјави Марина Штајнинер, истражувач во Центарот за меѓународна економија на IFO и коавтор на студијата со Јасмин Грешл и Габриел Фелбермејер.

Можно е, исто така, неизвесноста за инвеститорите и промената на девизниот курс да го продлабочат негативното влијание на ”тврдиот” Брегзит, истакна Штајнингер и додаде дека „договорот за слободна трговија (меѓу Британија и ЕУ) дефинитивно ќе го ублажи ударот“.

Доколку Велика Британија ја напушти Унијата без договор, други земји кои би претрпеле пад на просперитетот се Холандија (пад од 1,64 проценти), Белгија (пад 1,40 проценти) и Кипар (1,37 проценти).

Данска би била погодена со пад на благосостојбата од 0,89 проценти, Шведска (0,75), Германија (0,72), Франција (0,52), Италија (0,40), Шпанија (0,39), Австрија (0,35) и Швајцарија (0,01 проценти).

„Остатокот од светот би чувствувал ограничени последици од нерегулираниот Брегзит“, изјави Штајнингер.

Врз Соединетите држави би имало негативен ефект од 0,01 проценти, на Турција 0,04 проценти а на Јужна Кореја 0,03 проценти.

Меѓутоа, некои други земји би можеле да профитираат од „тврдиот“ Брегзит, како што се Тајван (0,13 проценти раст), Кина (0,05), Индија (0,02) и Русија (0,01 проценти), се наведува во соопштението на IFO Институтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП