24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри најважни работи кои веќе сега можете да ги направите со вашите...

Три најважни работи кои веќе сега можете да ги направите со вашите пари ако се плашите од криза

Рецесијата тропа на вратата на многу земји во светот, и повеќе не е прашање дали доаѓа, туку кога.

Германија веќе ”танцува” на работ на рецесија, а и домашните економисти предупредуваат дека таа неизбежно ќе се прелее на сите нас.

Додека гледаме во очи на тој страв, еве три најважни работи кои веќе сега можете да ги направите со вашите пари ако сте загрижени поради рецесија.

Покрај тоа, и да не се грижите, рецесијата може да ги уништи вашите финансии ако не сте подготвени.

Лаурен Анастасио, сертифициран финансиски планер на компанијата SoFi, вели дека најдобриот начин вашите пари да ги доведете во добра форма за можна рецесија е:

1. Фокусирајте се на исплата на долгот со висока камата.

2. Создадете фонд за црни денови, почнувајќи и од износите кои во моментов можат да ви бидат смешни, дури и ако се работи за неколку евра.

3. Почекајте. Одолеете на непотребното купување. Ако планирате некое поголемо купување, долгорочно, или нешто што во овој момент нема да ви го промени животот, почекајте да видите што ќе се случи на пазарот, бидејќи наскоро ќе биде очигледно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП