20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички

Биткоинот е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички

Евн Кун, ко-основачот на крипто берзата Coinberry со седиште во Торонто, тврди дека биткоинот (BTC) е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички.

Како што објави списанието за недвижнини Mansion Global на 22 август, Кун изјавил дека неговата компанија зема многу пониски такси од оние кои институциите им наметнуваат на своите клиенти, и додавајќи: ”Компанијата за кредитни картички наплаќа такса од 3 проценти. Нашата такса е 5 проценти, така што е многу покорисна за општините”.

Coinberry делува како посредник затоа што локалните општини не се овластени да држат или прифаќаат криптовалути заради својата нестабилност. Компанијата прифаќа криптовалути, веднаш ги конвертира во канадски долари, а потоа средствата ги пренесува до општините.

Ричмонд Хил, град во близина на Торонто, започна да го прифаќа биткоинот за плаќање данок на имот во јуни – помалку од шест месеци откако Инисфил започна слична иницијатива на пробна основа.

Според написот од списанието Mansion Global, тогашниот советник во Торонто, Норм Кели, предложи градската влада да размисли за прифаќање на вакви даночни плаќања во јануари 2018 година. Додека се разгледуваше можноста, тој предлог не успеа. Советничката за комуникации во Торонто, Ешли Хамил, изјави: ”За да го преиспитате ова во иднина, членот на советот би требало да достави уште еден предлог”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП