20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛозарите од Тиквешијата од денес на протест за реални откупни цени на...

Лозарите од Тиквешијата од денес на протест за реални откупни цени на грозјето

Незадоволни од винарските визби лозарите од Тиквешијата одлучија од денес да излезат на протести. Регионалното здружение „Напредни лозари“ од Кавадарци протестот го закажа за вечер пред општината во Кавадарци, пишува Зеленаберза.

Лозарите сметаат дека се уценети од винарските визби околу годинешниот откуп. Тие бараат цената на Смедеревката да не биде под 16 ден, а Вранецот да не биде под 18 ден. за килограм.

Бараат помош од државата да ги заштити. Доколку се случи откупната цена да биде помала од производната државата да интервенира. Од министерството велата дека не може да влијаат околу формирањето на цената бидејќи таа зависи од економските параметри на пазарот и дека додека не заврши откупот не може да интервенираат.

Лозарите велат дека доколку не се најде решение за нивните проблеми протестите од плоштадот ќе ги пренесат на патиштата. Протестите ги организираат под мотото „За реални откупни цени на грозјето“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП