
Претседателот на САД, Доналд Трамп и другите лидери на најразвиените земји во светот ќе го отворат годинешниот самит на групата седум (Г7) во Бијариц, Франција, на кој разговорите ќе се фокусираат на глобалната економија.


Претседателот на САД, Доналд Трамп и другите лидери на најразвиените земји во светот ќе го отворат годинешниот самит на групата седум (Г7) во Бијариц, Франција, на кој разговорите ќе се фокусираат на глобалната економија.
Трамп и уште шестмина лидери на Групата 7 почнуваат состаноци во сабота во Бијариц и ќе разговараат до понеделник.
Франција во 2019 година претседаваше со Г7 кој ги вклучува уште и Британија, Канада, Германија, Италија и Јапонија.
На темата на состанокот Франција ја идентификуваше борбата против нееднаквоста.
Бијариц и неговата околина го штитат 13.000 полицајци и жандарми, а се подготвува голем собир на противници на ваквите самити, пренесува France-Press.
Според Елисејската палата, Бијариц очекува 2.000 акредитирани новинари и 3.000 членови на делегацијата, што е околу 25.000 ноќевања во хотелите во таа област.
Градот е блокиран од четвртокот вечерта, две многу строги зони се ограничени во центарот на градот, црвена и сина, каде што се влегува со дозвола, предизвикувајќи потешкотии на жителите и трговците.
Светските лидери ќе се состанат на неформална вечера во сабота каде се очекува да разговараат за надворешната политика и безбедносните прашања пред повеќе официјални работни состаноци во недела и понеделник.
На барање на Трамп во дневниот ред е вклучен разговор за глобалната економија, соопштија официјални претставници на Белата куќа, објави AP.
Мрачниот глобален економски поглед е делумно резултат на борбениот став на Трамп за трговијата со Кина и други земји на кои им воведе царини или се заканува дека ќе ги воведе.
Трамп инсистира на тоа дека американската економија е силна и покрај стравувањата дека рецесија е на повидок.
Во исто време глобалниот економски раст е забавен од слабоста во Германија, најголемата економија во Европа, и забавувањето на растот во Кина, која е во трговски конфликт со САД.
Се очекува Трамп на маргините на состанокот да разговара со неколку светски лидери меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, јапонскиот премиер Шинзо Абе, индискиот премиер Нарендра Моди, германската канцеларка Ангела Меркел и канадскиот премиер Џастин Трудо, објави AP.
Новиот британски премиер Борис Џонсон исто така ќе се сретне со Трамп.