ЕКОНОМИЈА

Ирска ќе го блокира договорот за трговија ако Бразил не ги заштити шумите

Ирска ќе се обиде да го блокира договорот за слободна трговија меѓу Европската унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур.

Тоа ќе го стори ако Бразил не преземе мерки за заштита на дождовната шума Амазон, изјави ирскиот премиер Лео Варадкар.

Тој е многу загрижен поради уништувањето на дождовните шуми во Бразил кое достигна рекордно ниво.

”Нема шанси Ирска да гласа за договор за слободна трговија меѓу ЕУ и Меркосур доколку Бразил не ги исполни своите обврски за животната средина”, порача Варадкар.