30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент го одобри нацрт-буџетот на ЕУ

Европскиот парламент го одобри нацрт-буџетот на ЕУ

euparlament1

Европскиот парламент денес го одобри нацрт-буџетот на Европската унија за периодот од 2014-2020 година, со што се заврши повеќемесечната блокада.

Вкупниот буџет за 2014-2020 година изнесува 960 милијарди евра. За прв пат буџетот предвидува намалување на потрошувачката, пренесува агенцијата Франс Прес.

Денешното гласање за буџетот следеше по постигнатиот договор од минатата недела меѓу група на европретставници, министри и Европската комисија .

Европскиот парламент  минатата недела доби неколку отстапки пред почетокот на европскиот самит, меѓу преседателот на Европскиот парламент Марин Шулц, ирскиот премиер Енде Кенија и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Ова е прво гласање за буџетот, а конечното гласање за буџетот ќе биде одржано во септември или октомври.

Пред 2009 година Европскиот парламент немаше законодавни овластувања за формирање на буџетот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП