18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндонезија гради нов главен град

Индонезија гради нов главен град

Индонезија ќе изгради нов главен град во провинцијата Источен Калимантан на островот Борнео, изјави министерот за просторно планирање на земјата, Софијан Џалил.

Претседателот Jоко Видодо минатата недела официјално му предложи на парламентот да го премести главниот град од Џакарта, преполн и загаден град со 10 милиони луѓе, во Калимантан, објави AP.

Индонезиската страна на Борнео има пет провинции, познати по тропските шуми, орангутаните и резервите на јаглен.

”Да, ќе биде Источен Калимантан, но не знаеме точно каде”, потврди Џалил.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но за подобра поврзаност на архипелагот, главниот град сепак треба да биде на брегот.

Преселбата на административниот центар би чинела околу 33 милијарди долари, а во таа цена се вклучени канцеларии за новата влада, како и домови за околу 1,5 милиони државни службеници чие пристигнување се очекува до 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП