24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена најголемата велосипедска гаража во светот: Капацитет 12.500 велосипеди

Отворена најголемата велосипедска гаража во светот: Капацитет 12.500 велосипеди

Во холандски Утрехт, под централната железничка станица, отворена е најголемата гаража за велосипеди во светот, со капацитет од 12.500 велосипеди.

Холандија е земја со население од 17 милиони луѓе и дури 23 милиони велосипеди. Во просек, секој човек во оваа земја секој ден на велосипед поминува 18 минути. Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во Холандија, а можеби и во светот.

Првиот дел од проектот на паркот е реализиран пред две години кога е отворен делот за 7.500 велосипеди, потоа е отворен вториот дел, па сега и третиот.

Станува збор за паркинг на три спрата кој работи 24 часа, организиран во форма на метални носачи на спрат на кои можете да го поставите велосипедот и да го заклучите.

Холандија е исто така најголемиот купувач на е-велосипеди, бидејќи возењето во подоцнежните години е многу позастапено овде отколку на кое било друго место во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП