3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнтел ќе инвестира 10 милијарди во Израел

Интел ќе инвестира 10 милијарди во Израел

intel-kiryat-gat

Според информациите кои пристигнуваат од бројните светски медиуми, компанијата Интел е во преговори со израелските власти за вложување на инвестиција вредна 10 милијарди долари.

Во интервјуто на Нахум Иковиц кој е новиот директор на инвестицискиот центар на министерството за економија на Израел, тој ја потврдил оваа информација. Исто така истакнал дека Интел е заинтересиран за голема инвестиција од 10 милијарди долари и дека министерството  за економија интезивно преговара со овој производител на чипови.

Информатичкиот гигант има во план во наредните десет години да инвестира 7 милијарди долари во фабрика која ќе се гради во градот Кирјат Гат, а покрај тоа тие имаат намера да потрошат дополнителни 3 милијарди долари во фабриката „ФАБ 28“ во истиот град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП