27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

Германски град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

Германскиот град Билефелд, за една полусериозна теорија на заговор која тврди дека градот навистина не постои, нуди голема награда за оној кој ќе докаже дека теоријата е точна.

Официјални лица на Билефелд изјавија дека ќе дадат милион евра на лице кое ќе претстави цврст доказ за непостоење на градот.

Тие истакнаа дека ”не постои ограничување на креативноста” на учесниците на натпреварот, но дека за наградата ќе бидe земен во предвид само непобитен доказ.

Идејата дека Билефелд не постои најпрво ја изнесе компјутерскиот експерт Аким Хелд, кој во обид да ги сруши теориите на заговор на интернет го објави ова сатирично тврдење во 1994 година. Дури и германската канцеларка Ангела Меркел еднаш на шега се сомневаше во постоењето на Билефелд, град кој наводно се наоѓа на околу 330 километри западно од Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП