20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата во пад

Цените на нафтата во пад

Цените на суровата нафта паднаа во вторникот на меѓународните пазари на 59 американски долари, во услови на голема загриженост за побарувачката.

Таа загриженост ги надмина знаците на олеснување на американско-кинеските трговски тензии и надежта дека глобалните гиганти ќе го поддржат економскиот раст преку стимулативни мерки.

”Соединетите американски држави (САД) отстранија речиси 2,7 милиони барели иранска нафта од светските пазари, како резултат на одлуката на Вашингтон да ги врати санкциите за купување на иранска нафта”, изјави американскиот државен службеник Мајк Помпео.

Во интервју за американската телевизиска мрежа MSNBC, Помпео изјави и дека американската влада е убедена дека може да продолжи со својата стратегија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП