28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабава на холандска плажа поради Брегзит, се пријавиле илјадници луѓе

Забава на холандска плажа поради Брегзит, се пријавиле илјадници луѓе

Речиси 10.000 луѓе досега се пријавиле за учество на забава на холандска плажа, за да го одбележат излезот на Велика Британија од Европската унија.

Организаторите најавија дека на учесниците на забавата ќе им овозможат на 31 октомври, ”со холандски чипс, француско вино и германско пиво“ од лежалки да го гледаат морето и да сведочат како ”Британија се буди како затворена институција”.

Уште околу 60.000 луѓе се заинтересирани за забавата во местото Вијк Ан Зе, објави AP.

Се работи за идеја на авторот на документарни филмови Рон Токок, кој забавата ја опиша како ”збогум добар пријателу, на чие враќање се надеваш, еден ден”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП