26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАLibra-та под лупа на европското тело за конкуренција

Libra-та под лупа на европското тело за конкуренција

Властите на пазарот на ЕУ ги истражуваат можните проблеми со планираното лансирање на криптовалутата Libra.

Властите во ЕУ изразија загриженост дека Libra нелегално ќе ги исклучи конкурентите, објави во вторникот агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на документ кој и е достапен.

Покрај тоа, анализирана е можната интеграција на Libra-та во услуги на апликации како што се WhatsApp и Messenger.

Facebook и Европската комисија ги отфрлија изјавите.

Интернет компанијата најави во јуни дека ќе воведе дигитални пари во првата половина на 2020 година. Проектот се сретна со скептицизам меѓу финансиските регулатори низ целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП