28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД одобри зголемување на капиталните резерви на банките

ФЕД одобри зголемување на капиталните резерви на банките

fed2

Американската Управа на федерални резерви (ФЕД) одобри зголемување на капиталните резерви на банките, со цел тие да се заштитат од потенцијалните загуби во случај на повторување на финансиската криза од 2008 година.

Седумчлениот Одбор на ФЕД едногласно ја усвои регулативата за зголемување на капиталот, но сега таа мора да биде одобрена од Регулаторната агенција за спроведување на осигурување на банкарските депозити во САД и Организацијата за контрола на парите, пренесува агенцијата АП.

Банките, генерално, се против овие измени, бидејќи би можеле да ја загрозат нивната способност за кредитирање. Меѓутоа, експертите наведуваат дека повеќето големи банки веќе ги зголемиле своите капитални резерви.

Шефот на ФЕД Бен Бернанке порача дека банките мора да имаат поголем и далеку поквалитетен капитал, со кој ќе бидат отпорни на финансиските флуктуации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП