20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелата куќа планира намалување на даноците и царините

Белата куќа планира намалување на даноците и царините

Белата куќа предвидува намалување на даноците и царините како начин да се избегне влегувањето на САД во рецесија, јавуваат американските медиуми.

Таа одлука може да биде донесена и покрај тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека економијата е во добра состојба.

Според Washington Post, официјалните лица размислуваат за бројни мерки за стимулирање на економијата, меѓу кои и привремено намалување на данокот на доход за да се зголеми куповната моќ на работниците.

New York Times објави дека САД би можеле да се откажат од новите царини на кинеската стока која владата на Трамп ја воведе во контекст на трговската војна со Пекинг.

Медиумите наведуваат дека тие мерки се разгледуваат, а официјалните лица кои ги објавија тие идеи сè уште не го барале мислењето на Трамп. Во секој случај, Конгресот би морал да одобри такви чекори.

”Намалувањето на даноците на плати не е нешто што се разгледува“, изјавија од Белата куќа како одговор на пишувањата на Washington Post.

Данокот на плати беше привремено намален во 2011 и 2012 година во времето на Барак Обама, за да се извлече економијата од стагнација по финансиската криза во 2008 година.

Според студијата објавена во неделата, скоро три четвртини од американските економисти очекуваат рецесија во 2021 година. Доналд Трамп не зазема таков став.

”Не верувам дека ќе има рецесија. Неверојатно добро ни оди“, изјави Трамп пред новинарите во неделата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП