19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатиот човек во Хонг Конг го купи познатиот британски ланец на пабови...

Најбогатиот човек во Хонг Конг го купи познатиот британски ланец на пабови и пивници

Британскиот ланец на пабови и пивници Greene King прифати понуда од Хонгкошкиот конгломерат да го преземе според договор вреден 4,6 милијарди фунти.

CK Asset Holdings, основана од најбогатиот човек во Хонг Конг, Ли Ка Шинг, ќе плати 2,7 милијарди за 220 годишната компанија и ќе ги преземе нејзините долгови од 1,9 милијарди фунти.

Хонгкошкиот конгломерат тврди дека нема намера да ги отпушта работниците на Greene King, во кој работат околу 38.000 луѓе.

Greene King, со седиште во Бари Сент Едмундс во Сафолк, е основан во 1799 година а денес има скоро 3.000 пабови, ресторани и хотели, како и брендови меѓу кои Chef & Brewer и Hungry Horse.

Извршниот директор на Greene King, Ник Мекензи, вели дека CK Asset Holdings е искусен инвеститор во Велика Британија и неговата деловна филозофија има многу сличности со филозофијата на Greene King.

Меѓу бизнисот со кој се занимава CK Asset Holdings е недвижнини, енергија и изнајмување авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП