20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската забрана на Huawei одложена за 90 дена

Трговската забрана на Huawei одложена за 90 дена

Американскиот министер за трговија Вилбур Рос потврди дека забраната за работа со кинескиот технолошки гигант Huawei нема да стапи на сила во наредните 90 дена.

САД ја ставија кинеската фирма на црната трговска листа, со образложение дека нејзините активности ја загрозуваат американската национална безбедност и дека нејзината опрема може да се користи за шпионирање во корист на Пекинг.

Рос додаде уште 46 ограноци на Huawei на црната листа со кои САД нe сака да тргува.

Huawei доби привремена дозвола поради олеснување на преминот, а кој требаше да истече денес.

Мерката за одложување е дизајнирана да им овозможи на компаниите како Google да тргуваат со оваа компанија додека се прилагодуваат на забраните.

Рос истакна дека продолжувањето ќе им помогне и на американските корисници.

Huawei во соопштението наведе дека е против одлуката за додавање ограноци на црната листа и дека донесената одлука е политичка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП