18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОлабави рецесијата во еврозоната

Олабави рецесијата во еврозоната

evro1

Рецесијата во еврозоната олабави пред крајот на вториот квартал, подгревајќи ги надежите дека во втората половина од годината ќе дојде до економски раст.

Композитниот индекс на деловните активности се зголеми минатиот месец на 48,7 поени од 47,7 поени кои беа забележани во мај, што е трет последователен раст и 15 месечен максимум, иако сеуште е под границата од 50 проценти, која го одделува растот од падот на секторските активности, покажа новото истажување на истражувачката компанија „Маркит“.

„Рецесијата во еврозоната влезе во рекордниот седми квартал. Меѓутоа, постојат добри причини да веруваме дека регионот полека ќе се стабилизира и дека во втората половина од годината ќе оствари раст“, изјави главниот економист на „Маркит“, Крис Вилијамсон.

Вилијамсон како охрабрувачки примери ги наведува, забавувањето на слабеењето на шпанската економија, како и забавувањето на падот на деловните активности во Италија и Франција.

Економистот, сепак, додаде дека економијата на Германија незначително напредува и дека тешко е да се идентификуваат поттикнувачите на растот, што значи дека темпото на напредокот на еврозоната, ќе остане слабо додека не дојде до значителен раст на деловната доверба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП