29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Нема да има рецесија, неверојатно добро ни оди

Трамп: Нема да има рецесија, неверојатно добро ни оди

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли предвидувањата за претстојната економска рецесија, објави AP.

”Не мислам дека имаме рецесија. Неверојатно добро ни оди. Нашите потрошувачи се богати. Направив огромни намалувања на даноците и полни се со пари”, изјави Трамп пред новинарите.

Економскиот советник на Трамп, Лари Кадлоу, ги отфрли стравувањата за рецесија и предвиде дека економијата ќе оствари добри резулатати во втората половина оваа година.

Кадлоу изјави дека потрошувачите добиваат повисоки плати, поради што можат да потрошат повеќе и да заштедат.

”Ни оди одлично. Да не се плашиме од оптимизам”, изјави Кадлоу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП