Тројцата најголеми должници на Русија се Белорусија, Украина и Венецуела, објави весникот RBK.
Весникот од блиски извори наведува најмалку 17 земји кои и должат на Москва вкупно, близу 27 милијарди долари.
Според податоците презентирани од белоруското Министерство за финансии, официјален Минск должи 7,5 милијарди долари, објави Sputnik.
Украина е на второтто место, која на Русија и должи околу 3,7 милијарди долари. Меѓу другото, украинските власти признаваат само 600 милиони долари, уште од деведесетите години на минатиот век.
Главниот должник на Рисија меѓу државите кои не влегуваат во постсоветскиот простор, според податоците на RBK, е Венецуела, чиј долг изнесува 3,15 милијарди долари и треба да биде вратен до 2027 година. Нешто помал е долгот на Куба.
Меѓу големите должници се и Бангладеш, Кипар, Индија и Јемен.
Надворешниот долг на Русија, според податоците на руското Министерство за финансии, на 1 август 2019 година изнесувал 53,8 милијарди долари.