20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на пазарот: Трамп ги повика тројцата директори на најголемите американски банки

Пад на пазарот: Трамп ги повика тројцата директори на најголемите американски банки

Американскиот претседател, Доналд Трамп оствари конференциски повик со директорите на трите најголеми американски банки за време на остриот пад на берзата во средата, објави CNBC, повикувајќи се на добро информирани извори.

Трамп разговарал со извршниот директор на J.P. Morgan Џејми Димон, Брајан Мојнихан од Bank of America и Мајкл Корбат од Citigroup. Dow во средата го имаше најлошиот ден во годината.

Инвеститорите добија јасно предупредување за рецесијата од пазарот на обврзници, па Dow Jones падна 800 поени или 3 проценти.

Според зборовите на еден од луѓето запознаени со ситуацијата, претседателот побарал од тројцата да му ја дијагностицираат состојбата на просечниот американски потрошувач. Директорите велат дека секторот за потрошувачка е во добра форма, но може да биде уште подобар доколку се решат сегашните проблеми, вклучително и американско-кинеската трговска војна.

Директорите, исто така му рекле на Трамп дека трговскиот конфликт се одразува на предвидувањата за капиталната потрошувачка во корпоративниот сектор. Како што неофицијално е познато, Трамп го прифатил нивниот аргумент.

Директорите пред да разговараат со Трамп се состанале со американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП