12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален рејтингот на Barclаys, Credit Suisse и Deutsche Bank

Намален рејтингот на Barclаys, Credit Suisse и Deutsche Bank

S&P1

Меѓународната рејтинг агенција „Standard & Poor`s“ го намали кредитниот рејтинг на банките „Barclays“, „Credit Suisse“ и „Dеutsche Bank“, на А од А+, поради ризикот кој им се заканува.

Агенцијата го задржа кредитниот рејтинг А за швајцарската банка „UBS“, а прогнозите за рејтингот за сите останати банки се стабилни, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Гледаме раст на ризиците кои им се закануваат на некои од најголемите европски кредитори вo областа на инвестициското банкарство, бидејќи регулаторите и неизвесните пазарни услови ја отежнуваат работата во оваа индустрија“, наведуваат од „S&P“.

Покрај тоа, акционерите на тие банки се изложени на поголеми кредитни ризици поради заострување на регулативите, слабоста на глобалниот пазар, стагнацијата на европската економија и судските процеси против банките поврзани со финансиската криза.

Агенцијата наведува дека „Barclays“, „Credit Suisse“ „Dеutsche Bank“ и „UBS“ меѓу европските банки се најизложени на ризиците поврзани со промената на глобалните банкарски регулативи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП